Последни написи

Македонските лозари и винарии се наше богатство и еден од столбовите на економијата и земјоделство

Денеска по повод одбележување на Денот на лозарите, Св.Трифун, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев и организацискиот секретар на СДСМ, Вангел Андрески беа во село Дисан, Неготино.

На својата Фејсбук страна, Богоев упати честитка по повод празникот: „Македонските лозари и винарии се наше богатство и еден од столбовите на нашата економија и земјоделство.

Производството на грозје е стабилно и со историски највисоки откупни цени минатата година. Исто така, извозот на вино минатата година достигна рекорни 58 милиони евра што е особено значајно за македонската економија.“
„СДСМ продолжува да инвестира во нашите лозари и производители на вино.
Од денешната посета на Долни Дисан и Неготино.“- стои во објавата.

Latest Posts

Не пропуштај