Последни написи

МВР: Лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение ги предупредува граѓаните да внимаваат, бидејќи лажни електронски пораки се испраќаат во име на МВР и дека станува збор за обид за измама во меѓународни рамки.

-Во однос на пристигнати пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот, информираат од МВР.

Притоа, како што е наведено во соопштението од МВР, во испратените мејлови, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку Вибер линк.

-Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани, се посочува во соопштението.

Од МВР ги предупредуваат граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на е-мејл пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Извор: civilmedia.mk

 

Latest Posts

Не пропуштај