Последни написи

Николовски: Овозможуваме дополнителни директни плаќања од 3 денари по килограм за одржување на постоечките јаболкови насади и остварено производство на јаболка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ги презентираше програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2023 година.

„Првата мерка која сакаме да ја презентираме се однесува на производителите на јаболко.

Со измената на Уредбата овозможуваме дополнителни директни плаќања од 3 денари по килограм, за одржување на постоечките јаболкови насади и остварено производство на јаболка, за период од 15 септември 2022 до 15 мај 2023 година.

При тоа производителите треба да го имаат предадено своето производство во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.“, објасни Николовски.

„Земјоделство е главен приоритет на Владата за 2023 година. Преку историски најголемиот буџет од 200 милиони евра целосно ќе ги реализираме новите мерки и програми, и успешно ќе започнеме со примената на новиот модел за субвенционирање.“, рече министерот.

Започнува со примена новиот модел на субвенционирање – Земјоделците добиваат директна субвенција авансно во висина од 30% во текот на годината, поголеми субвенции за сточарите… – Agrotim.mk

Извор: agrotim.mk

Latest Posts

Не пропуштај