Последни написи

Ковачевски: Имаме јасна поддршка од Канада за евроинтеграциите

Денеска премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада, за ЕУ и амбасадор на Канада во Франција и Монако.

По повод средбата, премиерот на својата Фејсбук страница соопшти: „Имаме јасна поддршка од премиерот Џастин Трудо и од Канада за натамошните чекори во евроинтеграциите, по членството во НАТО, со очекување дека Северна Македонија ќе го задржи правецот по којшто се развива.“

„Канада е земја на толеранција, признавање на различностите и почит кон сите луѓе, што нѐ прави уште поблиски како држави, иако сме на географска оддалеченост.“- се вели во објавата на Ковачевски.

Latest Posts

Не пропуштај