Последни написи

ЕСМ на почетокот на годината произвела 40 отсто повеќе струја од лани

Од почетокот на годината па до вчера АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) преку капацитетите со кои располага произвела 699,240 мегаватчасови електрична енергија. Од ЕСМ велат дека произведената струја е за 40 отсто повеќе споредено со истиот период лани, а дури 86 проценти повеќе од истиот период во 2021 година.

„Планот за производство за 2023 година заклучно со вчерашниот ден се исполнува 101,50 отсто. Позитивните резултати во 2023 година се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија“, соопшти ЕСМ.

Од таму додаваат дека во одредени денови имало определени отстапувања во планираното производство кои одат во плус или во минус, односно ЕСМ во одредени денови внесувала и значајни дополнителни количини електрична енергија во мрежата, повеќе од потребните за дневното снабдување.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај