More

    Стари фотографии прикажани како да се од земјотресот во Туркије

    По силниот земјотрес што ги потресе Туркије и Сирија во понеделникот, 6 февруари 2023, на социјалните мрежи се споделуваaт стари фотографи како да се нови од земјотресот во Туркије и Сирија.

    На една фотографија се гледа куче кое седи покрај раката на едно лице, кое се чини дека е заробено под урнатините во Туркије.

    Оваа фотографија е искористена за собирање на донации од нашата земја за Туркије и Сирија.

    Меѓутоа, вистината е дека оваа фотографија не е од вчерашниот земјотрес во Туркије и Сирија, туку оваа фотографија всушност е од октомври 2018 година. Со пребарување на фотографијата на Гугл пребарувачот може да се види дека е поставена на Alamy и на Shutterstock. Фотографијата е на Јарослав Носка и поставена на 18 октомври 2018 година, со натпис на кој пишува: „Куче бара повредени луѓе во урнатините по земјотресот“.

    Уште една фотографија која стана вирална е фотографијата во која е прикажено мало дете како го крие лицето со рацете, по преживувањето од разорниот земјотрес што ја погоди Туркије.

    Фотографијата на малото момче беше потресна и натера голем број корисници на социјалните мрежи да коментираат. Но, од пребарувањето, фотографијата со детето не е преживеано од турско-сирискиот земјотрес.

    Од резултатите од проверката на Google Image, се чини дека фотографијата е дело на фотографот Запилајев Костијантин, поставена на Shutterstock.

    Фотографијата е насловена: „Мало момче во близина на уништената куќа. Детски проблеми, концепт на осаменост“.

    Оваа фотографија исто така се најде и на страницата internationalprograms.org за помош на жртвите од земјотресот во Албанија во ноември 2019 година.

    Во Туркије и Сирија досега има над 5.000 загинати и околу 30.000 повредени, стотици згради и куќи разурнати. Се поставува прашањето, зарем не се доволно потресни актуелните снимки и фотографии па мора да се креираат лажни фотографии?

    Мониторинг тим на ЦИВИЛ

    (Извор: CIVILMEDIA)

    Exit mobile version