More

    Пет милиони денари ќе потроши Општина Аеродром за времени вработувања

    Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски, годинава ќе потрошат пет милиони денари, или над 80.000 евра за времени вработувања.

    За таа цел, Муцунски има потпишано договор со приватна агенција за вработувања, за период од 12 месеци., односно за една година.

    Јавната набавка за ангажирање на приватна агенција за вработување, доаѓа само десеттина денови откако Муцунски и општина Аеродром започнаа постапка за издавање на долгорочна денарска обврзница во вредност од 5,4 милиони евра, што наиде на негодување на жителите од оваа општина.

    Извор: 24info.mk

    Exit mobile version