More

    Награда од 10 отсто на плата за полицајците кои беа ангажирани за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев

    Сите полициски службеници кои во саботата се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев, ќе бидат наградени со додаток за работна успешност во висина од 10 проценти од основната компонента на платата на работникот, за што средствата се обезбедени во Буџетот на МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

    – Како министер за внатрешни работи го искористив правото што ми го дава Колективниот договор на МВР ( чл.160, 161 и 162) и на денешната седница и’ предложив на Владата, која го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10 проценти на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.

    (Извор: Независен)

    Exit mobile version