More

    Компјутери од Владата за училишта, Арсовска ги дели како донација од Град Скопје

    „Во средното училиште на Град Скопје „Сарај“ опремивме нов кабинет со преносни компјутери, каде се обезбедува современа и квалитетна настава за учениците“ објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своја објава на социјалните мрежи.

    За тоа, каква е навистина оваа донација, се огласи координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчева.

    „Со одлука на Советот на Град Скопје, од Владата се примија 1955 преносни компјутери, кои пропорционално се доделени на средните училишта на Град Скопје. Да се знае кој е кој, во приказнава“ вели Јанчева.

    Случајно или не, Арсовска во својата објава го нема споделено овој факт, односно дека компјутерите на Град Скопје му биле доделени од Владата, кои потоа Градот ги распределува, па останува впечатокот дека градоначалничката самата се фали со туѓа донација.

    Извор: 24info.mk

    Exit mobile version