Последни написи

Бачовски: 210 милиони евра е целокупната вредност на инвестициите кои преку ИПАРД ќе бидат реализирани во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, на конференцијата „Година на нови можности“ во разговор со соговорниците на Панел 4 – „Рамномерен регионален и локален развој – придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“, потсети на важноста од соработката меѓу институциите на локалната, централната власт но и дијаспората во обезбедување на поголем рурален развој.

Соговорници му беа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот задолжен за дијаспора, д-р Џемаил Чупи и директорката на Агротим и експерт за земјоделство, Ленче Николовска.

„Рамномерниот развој и инвестициите во руралниот развој се тесно поврзани и нивното интензивирање носи бенефит и благосостојба за секое населено место. Доколку сакаме благосостојба на секое поле, потребна е соработка на сите општествени актери и во државата и во странство. Целосно го поддржувам оној пристап во делот на дијаспората, односно оние центри коишто пред се треба да ги информираат за сите збиднувања дома, но и да им ги покажат сите можности за да можат да инвестираат. Само така на дијаспората ќе ѝ покажеме дека некој дома навистина мисли и се грижи за нив. Со оглед на тоа што сме насочени кон европските и светските трендови, добро е да го „купиме“ целото знаење од експертите кои ни се на располагање и конечно да направиме некој исчекор во тој правец и во благосостојбата на локалните самоуправи.“ , рече Бачовски и додаде дека информираноста на земјоделците за сите новитети коишто се многу во последните години навистина е важно и сите државни институции, особено оние коишто се од земјоделскиот сектор треба да посветат внимание на информираноста, бидејќи само добрата информираност ги сузбива сите шпекулации.

„Во моментов важиме како земја лидер во делот на искористеност на ИПАРД програмата со над 2300 потпишани договори за финансиска поддршка. Во март месец беше донесена од страна на Европската комисија ИПАРД 3 програмата, каде што е најзабележително дека државата добива многу зголемен буџет, односно 62% повисок буџет. ИПАРД програмата до пред неколку години беше табу-тема и она што е навистина констатација, особено низ бројки е дека во последниве пет години е направен еден огромен прогрес во тој дел, што е препознаено од страна на нашите партнери од Европската комисија, кои не случајно го зголемија буџетот за 62%. Голем буџет, 210 милиони евра ќе биде целокупната вредност на инвестициите што ќе бидат направени во земјоделскиот сектор и во руралниот развој во следните години, што претставува сериозен предизвик и за самите корисници, меѓутоа и за институциите.“, рече Бачовски.

Извор: agrotim.mk

Latest Posts

Не пропуштај