Последни написи

Полиграф: Пендаровски не изјавил дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“

На 23.01.2023, Виктор Стојанов, претседател на Фондација „Македонија“, на Фејсбук објави дека претседателот Пендаровски изјавил дека „не смеело да им се дозволи на луѓето од Бугарија да ја преминат границата за да одат да се поклонат на гробот на Гоце Делчев“.

На 24.01.2023, неколку портали го пренесоа Фејсбук статусот на Стојанов за наводната изјава на Пендаровски, без да проверат дали тој навистина дал таква изјава.

Но, други портали, како на пример „Република“, укажаа дека „во изјавата Пендаровски не наведува дека на овие лица ќе им биде забранет влез, како што пишува Стојанов“.

Во текстот Нови провокации: Бугаринот Стојанов од фондацијата „Македонија“ му „стави зборови во уста“ на претседателот Пендаровски, „Слободен печат“ го пренесува Фејсбук статусот, но укажува дека „наспроти тврдењата на Стојанов, претседателот Пендаровски во ниеден дел од изјавата по седницата на Советот за безбедност, не рече дека нема да им се дозволи на Бугарите да одат на гробот на Делчев…“.

Не е прв пат Стојанов да шири дезинформации кои поттикнуваат меѓуетнички тензии. На пример, тој во изјава објавена на Радио Благоевград, тврдеше дека две бугарски воени гробишта во близина на Кавадарци се уништени во 2018-2019. Оваа дезинформација беше разобличена во емисијата „Кратки нозе“ во 2021 година.

Медиумите треба да внимаваат кога пренесуваат изјави од неверодостојни извори. Нивна обврска е да ја проверуваат и веродостојноста на цитираните изјави од други лица. Во спротивно, лесно можат да станат извори на дезинформации.

YouTube player

Извор: ima.mk

Latest Posts

Не пропуштај