More

    Не мирува пазарот за житарки и маслодајни семиња – Како се движат цените?

    Пазарот на житарки и маслодајни култури се уште е под влијание на различни фактори. Цената на пченицата забележа раст, а крајот на минатата недела донесе смирување. На почетокот на оваа седмица на парискиот MATIF мартовската пченица се тргуваше во износ од 287,50 евра за тон. Најголемо влијание имаа гласините за побарувачката од Мароко, која е најголемата извозна дестинација за пченица од Европската Унија, но и растот на извозот во САД, наведува Ројтерс.

    „Со оглед на тоа што трендот на зајакнување на еврото во однос на доларот исто така се намали, пченицата во Париз ја постигна својата прва позитивна недела од Божиќ“, се вели во белешката на консултантската куќа CRM Agri.

    Се очекува производството на пченица во Украина да не надмине 16 милиони тони во 2023 година, што претставува втор годишен пад бидејќи земјоделците ги намалуваат засеаните површини. Евтината пченица од Русија и Украина се чини дека ќе ја покрие главната извозна побарувачка на клучните увозници од Блискиот Исток и Северна Африка. Во исто време, врнежите во Аргентина позитивно се одразија на пазарот со соја и пченка.

    Пченката се продаваше по цена од 280 евра за тон, додека цената на маслодајната репка беше 552,75 евра/т. Врз основа на податоците на Европската комисија, во ЕУ во сезоната 2022/23 веќе се увезени 4,2 милиони тони. Најголем снабдувач е Украина, а потоа следат Австралија и Канада. Пад бележи увозот на соја. Најголеми количини доаѓаат од САД и Бразил, пренесува .

    Цените на пченицата на пазарот на фјучерси CBoT во Чикаго изнесуваа 254,45 евра за тон. Пченката се тргуваше по 247,27 евра/т, а сојата за 515,16 евра/т. Дополнителен послаб раст се предвидува кај пченката, а за сојата пад на цената.

    Извор: agrotim.mk

    Exit mobile version