More

    Ковачевски: Дел од инвестициите се во насока на унапредување на дистрибутивната и преносната електро-енергетска мрежа и прекугранично поврзување

    „Мора да се менаџира недостатокот на електрична енергија и високите цени во моментот за да не предизивика ценовен шок за граѓаните и да се инвестира за да не се случат вакви потреси во енергетскиот пазар кои што ги има Европа во моментот“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски на панелот „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, од вториот ден од годишната владина конференција „Година на нови можности“.

    „Успеавме да ја субвенционираме цената за 80 отсто, во спротивно центат ќе беше пет пати повисока, до три пати повисока за малите потрошувачи. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана и сите видовме дека ценовен шок нема и нема да има“, истакна Ковачевски.

    „Инвестициите се во три насоки. Првата е поврзување и диверзификација на енергенсите на државата. Се работи на инвестиции за нов гасовод од Грција, уште еден од Бугарија и потенцијалните гасоводи од Албанија. Тоа овозможува базната енергија што веќе 40 години се произведнува доминантно од јаглен од РЕК Битола, да може да размислуваме за гасни централи на базна енергија“, додаде Ковачевски.

    Минатата година се инсталирани обновливи избори на енергија над 150 мегавати што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства. Ковачевски истакна дека еден од историските моменти е Чебрен и Галиште, еден од клучните проекти, кој по 14 години неуспешни тендери ја има како понудувач гршката државна енергетска компанија.

    „Доколку ги исполни условите од тендерот и се склучи договор ќе почне изградба на овој капитален проект, којшто од една страна ќе произведува базна енергија од хидро потенцијалот, а од друга страна ќе може да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната енергија за ревизибилно работење на самата централа. Третиот дел на инвестициите е унапредување на дистрибутивната и преносната електро енергетска мрежа, прекугранично поврзување во регионот“, истакна Ковачевски.

    Б. Јордановска

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version