More

    (ВИДЕО) Трајаноски: Какви мерки презема државата против хибридните закани и нападите со дезинформации?

    Истражувачот Жарко Трајаноски зборуваше на тема „Руските и проруските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“, на тркалезната маса организирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА на 26.01.2023.

    Трајаноски потсети на руските и проруските наративи во периодот до зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, на наративите по зачленувањето во НАТО, и на тековните руски наративи по продолжувањето на воената агресија на Русија врз Украина во 2022 година.

    Во своето излагање, Трајаноски укажа на недостаток на транспарентност од страна на државата за тоа какви мерки се преземаат против хибридните закани и нападите со дезинформации: „Ние сме свесни за сите овие дезинформациски наративи, кои што се дел од оние активни мерки, или сега се нарекуваат хибридни закани. Свесни сме дека и политичарите на највисоко ниво укажаа дека тие постојат, меѓутоа, она што не сме свесни е какви мерки презема државата против овие закани и против овие напади со дезинформации.“

    Извор: ima.mk

    Exit mobile version