More

    (ВИДЕО) Бојаровски: Руската православна црква е првиот партнер во спроведувањето на Путиновата политика на „рускиот свет“

    Институтот за медиуми и аналитика ИМА на 26.01.2023 организираше тркалезна маса на тема „Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“.

    Нa тркалезната маса учествуваше и аналитичарот Зоран Бојаровски, со излагање на тема „Руските дезинформации и православната пропаганда“.

    Во своето излагање, Бојаровски истакна дека Руската православна црква е првиот партнер во спроведувањето на Путиновата политика на „рускиот свет“: „Само наивен човек може да помисли дека Руската православна црква е одвоена од државата… за остварувањето на визиите на „руски свет“ црквата е рамноправен партнер, таа учествува во тие операции, учествува еднакво како што учествува и државата со сиот свој апарат и логистика…“, истакна Бoјаровски.

    Целото излагање на Бојаровски погледнете го во видеото подолу.

    Видете ја и анализата на Бојаровски за ИМА, „Руската православна црква во пропагандата на Кремљ“.

     

    Извор: ima.mk

    Exit mobile version