Последни написи

(ИЗБОР) Албански медиуми: Истрага од албанските власти за аферата Мекгонигал, ФЕС со Нацрт-статут за Заедницата на српските општини во Косово

Аферата „Мекгонигал“ во Албанија зема нови димензии во фокусот на медиумите во Албанија, а во Косово на прво место е формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, односно, предлог статутот од ФЕС. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КЛАН – Досие Мекгонигал, Хоџа: Треба да има истрага од албанските власти

„Новинарот Артан Хоџа во емисијата „Опинион“ на ТВ Клан изјави дека треба да се отвори истрага во Албанија за многу озборуваниот случај „Мекгонигал“, со оглед на тоа што во истражното досие се зборува и за албански функционери и за средби на поранешниот функционер на ФБИ во Албанија.“, пренесе албанскиот медиум Клан.

ДУКАЃИНИ: ФЕС предлага Нацрт-статут за Зедницата, тој треба да се креира врз основа на Уставот на Косово (документ)

„Во време кога од ден на ден се зголемува притисокот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство, како предлог веќе е изготвен нацрт на овој механизам. Такво нешто има направено и Фондацијата за социјална демократија Фондацијата Фридрих Еберт, која работи и на Косово. Радио Телевизија Дукаѓини го обезбеди овој нацрт од дипломатското претставништво во Приштина. Документот содржи 18 членови, додека во првиот член се нагласува дека Здружението е правно лице основано врз основа на Уставот и правниот систем на Република Косово.“, се вели  меѓу другото во екслкузивната вест на медиумот Дукаѓини.

ТЕЛЕГРАФИ: Ќе се уриваат дивоградбите во Старата скопска чаршија

„Околу 40 објекти зафатија јавни места во Старата скопска чаршија, констатираа од Инспекторатот за градежништво и урбанизам. Угостителските објекти  узурпираа државни имоти откако ги проширија своите капацитети со изградба на тераси.

Директорот на оваа Инпсекторатот, Фатмир Арифи вели дека на сопствениците им дале рок од 20 дена сами да ги отстранат продолжените објекти, доколку не го почитуваат рокот ќе бидат принудени сами да ги рушат, а за сопствениците ќе бидат обврзани да ги платат сите трошоци.“, пренесе Телеграфи.

БОТА СОТ: На ред е Еди Рама да биде прогласен за нон грата

„Со Еди Рама имате многу докази. Вилијам Аргерос во 2012 година беше осуден на 4 месеци затвор, откако му помогна на шефот на албанската опозиција, Еди Рама, да приложи средства за фотографија со Барак Обама. Американскиот закон забранува спонзорирање на политичка кампања со странски придонеси. Деновиве излезе уште еден законски прекршок, Албанец дал поткуп од  225 илјади долари за да купи некакви документи поврзани со лобирање на опозицијата итн.“, пишува Илир Левоња во колумната „На ред е Еди Рама да биде прогласен за нон грата“, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

ФЛАКА: Културата не познава партија

„Како средствата на владата на Косово, посветени на промоција на правата на Албанците од Прешевската долина и културата во овој дел од албанскиот простор, завршија во рацете на партијата и се распределуваат главно на луѓе блиски до оваа партија“, извадок од едиторијалот „Културата не познава партија“ на Флака.

Д. Тахири 

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај