More

    Полиграф: Дезинформација е дека „Путин подготвува сериозен удар за ЕУ“ со раскинување на договорите со Советот на Европа

    На 17.01.2023, порталот Инфомакс објави наслов „ПУТИН ПОДГОТВУВА СЕРИОЗЕН УДАР ЗА ЕУ! Претседателот на Русија ги раскинува сите договори со Советот на Европа!

     

    Но, во текстот на Инфомакс воопшто не се споменува ниту ЕУ, ниту пак се даваат било какви информации за некаков „сериозен удар за ЕУ“, туку се зборува само за Советот на Европа, која е различна организација од ЕУ и во која членуваат 46 држави.

    Русија беше исклучена од Советот на Европа, откако Парламентарното собрание на Советот на Европа ја осуди „агресијата на Руската федерација против Украина“.

    Но, руската пропаганда тврди нешто друго. На пример, РТ на српски јазик објави дека „Русија го напуштила Советот на Европа набрзо по почетокот на воената операција, во март 2022“ и дека „од Москва тогаш порачаа дека оваа организација станала уште еден инструмент на антируската политика, бидејќи мнозинството од Советот го сочинуваат токму западни земји“.

    Сепак, вистината е сосема поинаква. Комитетот на министри на Советот на Европа уште на 25.02.2022 ја суспендираше Руската федерација. Дури откако на Русија ѝ стана јасно дека ќе биде исклучена, таа се повлече од Советот на Европа.

    Токму затоа, тврдењата дека  „Путин подготвува сериозен удар за ЕУ“, како и пропагандните тврдења дека Русија самоволно го напуштила Советот на Европа, може да се оценат како дезинформации.

     

     

    Exit mobile version