More

    Панел-дискусија: „Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“

    Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел-дискусија „Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“, која ќе се одржи на 26 јануари 2023 (четврток) во „Бруталиск“ во Скопје (бул. Илинден 38А), со почеток во 12 часот.
    Панелисти на оваа дискусија се:
    – Росана Алексоска, менаџер на програмата „Борба против лажни вести и наративи“, Граѓанска асоцијација МОСТ
    – Зоран Бојаровски, новинар и аналитичар
    – Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА
    Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.
    Exit mobile version