More

    Ковачевски: Остануваме посветени на добрососедството со Бугарија

    Oбидите да се нанесат штети во билатералните релации меѓу Р.С. Македонија и Бугарија, се обиди да се наштети и на единството во Европа, кое војната во Украина покажа дека е неопходно и за ЕУ и за Западен Балкан. Ова во интервју за српскиот весник „Политика“ го кажал премиерот Димитар Ковачевски зборувајќи за односите на земјава со Бугарија. Тој кажал дека Македонија останува посветена на развојот на добрососедските односи, во духот на европските вредности, преку меѓусебно почитување и политики на разбирање на другиот.

    „Во официјалните односи и политики, па и меѓу граѓаните на двете држави има и меѓусебно разбирање и почитување. Верувам дека ќе успееме да се издигнеме над сите обиди од трети страни, кои имаат свои инсталации во двете држави и за туѓи интереси се обидуваат да наштетат на нашите билатерални односи“, рекол Ковачевски во интервјуто.

    Тој оценува дека се тоа обиди насочени и против единството, стабилноста и безбедноста во Европа, што треба да ги обезбеди натамошното проширување на ЕУ.

    „Верувам во дијалогот како начин за решавање на кое било прашање, верувам во капацитетите на Македонија, на Србија и гледам можности за натамошен развој на европските интеграции и на нашите држави и на целиот Западен Балкан“, вели Ковачевски во интервјуто за „Политика“.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version