Последни написи

Грковска: Дефинирани се наредните чекори за воспоставување електронски идентитет за секој граѓанин

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работен состанок со естонскиот експерт Раул Каидро и претставници од Министерството за внатрешни работи, на кој беа анализирани натамошните чекори за воспоставување на електронски идентитет за секој граѓанин врз основа на Планот за воспоставување на национален електронски идентитет, што беше усвоен на вчерашната владина седница.

Како што се посочува во соопштението од владината прес-служба, на состанокот, на кој присуствуваа и претставници од амбасадата на САД во земјава, како поддржувачи на целиот процес, експертот Каидро го презентирал концептот во кој се дефинирани сите натамошни чекори, како и структурата што треба да биде воспоставена за да се воведе електронски идентитет, предуслов за процесот на дигитална трансформација на општеството.

Вицепремиерката Грковска оценила дека станува збор за комплексен процес, но дека сите надлежни институции мора целосно да се посветат на планот за реализација на оваа активност, бидејќи преку дигитална трансформација може да се унапреди ефикасноста на институциите во интерес на граѓаните.

Процесот на дигитална трансформација на општеството, како и воспоставувањето на електронски идентитет, Република Северна Македонија го реализира преку естонскиот Центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување, со поддршка на амбасадата на САД во земјава.

(Извор: 24инфо)

Latest Posts

Не пропуштај