Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот Љупчо Николовски ја посетија компанијата „Фор Лејди“ во Илинден, која преку мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата, по успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, добила поддршка од 17 милиони денари, што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.

„Една од целите на ИПАРД програмата е и поттикнување на нови и задржување на постојните работни места преку зголемување на нивото на економската активност во руралните средини.
Оваа цел најдобро се достигнува преку финансиска поддршка за развивање на микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и во себе содржат елементи на претприемништво.

Со таква мисија е и компанијата ДПТ „Фор Лејди“ од Илинден. Оваа семејна компанија ја искористила можноста да аплицира на јавен повик за мерката 7 – диверзификација на фарми и развој на мали бизниси од ИПАРД 2 програмата.

По успешната евалуација на проектот и склучувањето на договорот со АФПЗРР, компанијата набавила најсовремена опрема како машини за плетење, машини за шиење и машини за автоматско диплење и пакување со рачно полнење.

За својата реализирана инвестиција, „Фор Лејди“ преку ИПАРД програмата добива поддршка од 17 милиони денари што преставува 65% од вкупната вредност на инвестицијата.
По ваквото осовременување „Фор Лејди“ е сега компанија со зголемен број на вработени и многу побогат асортиман на производи кои главно се пласираат на домашниот пазар, но поради својата специфичност, квалитет и иновативност има голем потенцијал да ги освои и регионалните и европски пазари.

Им посакувам многу успех во работата, со очекување дека преку нови проекти ќе продолжат да бидат активни корисници на ИПАРД 3 програмата.“, изјави Бачовски.

(Извор: Agrotim.mk)