More

    (ФОТО) Скопје – град на сообраќајна некултура

    Блокирани сообраќајни ленти и крстосници, паркирани автомобили на тротоари и зелени површини, неправилни престројувања и неприлагодена брзина на возење, ова е секојдневието во главниот град.

    Зголемената миграција, големиот број на домашни и странски туристи, придонесува за зголемен сообраќаен метеж, но тој е уште поголем и поради сообраќајната некултура на возачите, но и на велосипедистите и пешаците.

    Иако полицијата постојано санкционира несовесни учесници во сообраќајот, сепак и тоа слабо влијае врз културата на скопјани и посетителите од другите градови.

     

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version