More

    Шкријељ: За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на над 20 градинки

    Владата предводена од СДСМ во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој. Од 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца, истакна на денешната прес-конференција пратеничката Санела Шкријељ.

     

    Важно е да се напомене, вели Шкријељ, дека дел од овие градинки се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.

     

    „Само минатата 2022 година, изградени се нови или имало доградба на 10 градинки и тоа во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Со тоа, само за една година, капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава. За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата“, истакна Шкријељ.

    Таа нагласи дека како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата.

    „Со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто. Тоа значи дека за само пет години, платите во детската заштита се зголемени за 36 отсто, или за повеќе од една третина“, потекцира Шкријељ.

    (Извор: Frontline)

     

    Exit mobile version