Последни написи

HАКС бара Министерството за образование редовно да ги исплатува платите на државните универзитети

Во изминатиот временски период стана зачестена пракса платите на вработените на јавните универзитети да се исплатуваат со задоцнување, надвор од законски предвидените 15 дена по изминување на исплатниот период, реагираат денеска во писмено соопштение членовите на Независниот академски синдикат (НАКС). Со тоа, велат, се загрозува правната сигурност на вработените на јавните универзитети и се прекршуваат одредбите од чл.109 од Законот за работни односи (ЗРО) и чл. 66 од Колективниот договор за високото образование и наука.

„Работниците, особено оние чиишто плати се на ниво на минималната плата или блиску до неа, се доведуваат во исклучително незавидна и понижувачка економска положба. Имајќи предвид дека наставниот кадар во високото образование многу често е принуден да ги плаќа од сопствени средства службените патувања за учество на конференции и стручни средби, како и набавката на неопходната стручна литература, со ненавремената исплата на платата сериозно се доведува во прашање и извршувањето на редовните работни обврски кои се предвидени со договорите за вработување“, наведено е во реакцијата од синдикатот.

Оттаму, за доцнењата го известиле министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

„Бараме во најкус можен рок транспарентно да бидат образложени причините за ваквите задоцнувања и да бидат преземени сите мерки во надлежност на Министерството за образование и наука за почитување на законските одредби и навремена исплата на платите“, се додава во соопштението на НАКС.

 

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај