More

    Меѓународната конференција „Охрид- Водици 2023“: Прашањето на идентитетот е многу важно, особено што во современиот свет е еден од најмобилизирачките фактори

    Новите кризи по крајот на „Крајот на историјата“ или како последица на „Судирот на цивилизациите“ иницираат или враќаат во јавните дискусии некои од прашањата за кои мислевме дека се затворени или надминати со векови, особено во парадигмата на идентитетите. Некои од идентитетите негираат, некои бараат подобра афирмација, а во јавниот живот се појавуваат нови идентитети., а очигледно е дека прашањето на идентитетот е многу важно, особено ако се има предвид дека во современиот свет тој е еден од најмобилизирачките фактори, рече др. Рубин Земон на отварањето на меѓународната конференција „Охрид- Водици 2023“- „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“.

    Настанот е во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното наследство од Баку, Азербејџан,  Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција како и списанието Журнал за Глобални процеси од Мајами, Флорида, САД и се одржува денеска и утре во Македонска академија на науките и уметностите, Куќа на Уранија во Охрид.

    -Во текот на последните неколку децении, човечките активности, како што се климатските промени предизвикани од човекот и другите човечки влијанија врз екосистемите, ги трансформираа природните системи на Земјата, надминувајќи ги нивните капацитети и нарушувајќи ги нивните механизми за саморегулација, со неповратни последици за глобалното човештво. Човештвото е сериозно погодено од тековните системски еколошки промени, како што се климатските промени и промената на користењето на земјиштето (особено уништувањето на шумите). Размислуваме и зборуваме за сценарија, организираме и планираме промени, но тешко е да се постават амбициозни и остварливи цели во исто време. Сето ова бара иновативна, креативна и континуирана соработка, и само ако оваа соработка е сама по себе одржлива, можеме да станеме навистина издржливи, додаде тој.

    Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој истакна дека идентитеското прашање е нешто што сите го поставуваме, секогаш ќе имаме емоции за идентитетот, историјата, животот, а историјата треба да ни помогне да ги откриеме најтемните прашања, а во оваа нелагодност ќе најдеме колективна моќ за подобра иднина.

    -Зарем немаме сите исти потреби, зарем е важно на кој храм ја кажуваш потребата на својата душа, ако таа е искрена, а јас низ борејќи се изминатите години со предрасуите  научив дека против нив не можеш, а борбата значи конфликт, но научив дека може покрај предизвиците да гледаме во можност.а покрај различностите да градиме мозаик на заедништво, рече Битиќи.

    Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски пак рече дека идентитетот е нашиот генетски код, кој не може да се допира и менува, а нашиот македонски јазик се тие кои не определуваат како Македонски.

    -Македонија изобилува со многу богатства со културно наследство, кое е потенцијал за туристички развој, се заменува крајбрежниот туризам, а особено културниот туризам, а тоа генерира економски придобивки, додаде тој.

     

    Според Фариз Калили, член на програмскиот комитет, претседател на организацијата МИРАС, Баку Азербејџан , светот што сè уште не е закрепнат од пандемијата на СОВИД уште повеќе стана очигледно колку е неодржлив нашиот начин на живот, а дополнително, војната во Украина предизвика многу поголема енергетска и економска криза.

    -Овие нови кризи влијаат на нашите животи, особено на економската стабилност и одржливост на нашиот личен, познат, социјален, јавен, културен живот. Овие кризи предизвикуваат и големи миграции дури и „доба на миграција“ што е многу точно прашање во агендите на меѓународните институции и научни интереси. А оваа конференција ќе ни даде можност за понатамошен развој, рече Калили.

    Според Ахмет Ајтач, член на програмскиот комитет на Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес, Турција оваа конференција е многу важна и се одржува веќе десетта година по ред и токму затоа се фокусира на значајни прашања од Балканот каде живеат луѓе од различни култури живеат на ова географско поднебје.

    На конференцијата беа  пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји. Работната агенда на конференцијата ќе биде објавена наскоро,а беше промовиранат и книгата од 10-тата јубилејна конференција која се одржа минатата година.

    Медиумски покровител на конференцијата е Цивил Медиа.

    Соња Танеска

    Фотографија и видео Ариан Мехмети

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version