More

    „Читај како што е напишано“ – реагира СКИЦ „СПОНА“ по повод злонамерно толкување на текстот за оригиналните писма на Ѓорѓија Пулевски

    Српскиот културно – информативен центар „Спона“ реагираше со коментар под текстот за реакцијата на „МЗ Галичник“, објавен на порталот „Слободна Македонија“. Реакцијата на СКИЦ „Спона“ ја објавуваме во целост:

    „По повод бројните реакции и навредливи коментари на сметка на „Српскиот културно – информативен центар СПОНА“ поради објавениот текст (наслов во оргинал): „Ђорђе Пуљевски – родољуб српски – и његова писма за помоћ штампања његових речника у Београду“:

    „Споменатиот текст кој е објавен на 11. јануари 2023. година на порталот www.srbi.org.mk не е АВТОРСКИ текст, истиот претставува објава на факсимили и транскрипција на ОРИГИНАЛНИТЕ И СВОЕРАЧНО ПИШУВАНИ ПИСМА на Пулевски, упатени на 20. декември 1872 година до тогашниот министер за образование на Кнежевството Србија Стојан Вељковиќ, како и писмо кое самиот Пулевски го има упатено на 29 ноември 1874 година до тогашниот кнез на Кнежевството Србија, Милан Обреновиќ IV.

    Споменатите писма (оргинали) ги има и во САМАТА објава и истите се поткрепени со АВТЕНТИЧНИ фотографии и оригинални и со СВОЈА рака пишани ЛИЧНО од Ѓорѓија М Пулевски (факсимили), а не измислени писанија и конструирани измислици од страна на СПОНА.

    Споменатите писма на Пулевски се објавени во зборникот документи “Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија/Грађа за историју македонског народа из Архива Србије“, том III, книга 1 и книга 2, издадени ЗАЕДНИЧКИ од острана на Архивот на Србија и АРХИВОТ НА МАКЕДОНИЈА во 1983. и 1984. година.

    Имено во Државниот Архив во Скопје сеуште се ДОСТАПНИ изданијата на споменатиот зборник на документи, па така сите заинтересирани можат да направат проверка на нивната автентичност.

    Се поставува прашањето зошто пренесувањето на автентичните информации кои пред 40 година ги има објавено Архивот на Македонија (а пред повеќе од 150 години ги има лично пишувано самиот Пулевски), однеднаш стануваат спорни кога веродостојно и автентично ги пренесува СПОНА?

    Дополнително поради објавените оргинали СПОНА станува предмет на осуда, говор на омраза, злонамерна коментари и бројни навреди…

    Очигледно е дека голем број од “дежурните критичари“ го немаат воопшто отворено линкот до текстот, ниту прочитано истиот каде само се наведуваат оргиналните податоци ЛИЧНО ПОТПИШАНИ од Ѓорѓија Пулевски (достапни во Архивот во Скопје).

    Уште позагрижувачки е што со истиот наратив и побуди се водат и одредени медиуми со цел потпалување и манипулација на својата читачка публика, во тенденциозно пренесени објави без побаран став или изјава од другата засегната страна, односно СКИЦ СПОНА, која ова соопштение ќе го проследи до одредени медиуми со барање за ЈАВНО извинување поради тендинциозното и перфидно споделување на споменатиот текст.

    СКИЦ СПОНА секоја издржана критика ја прифаќа добронамерно, но воедно и апелира дека спроведената хајка, како и заканите не се никако примерни посебно за стандардите на европските вредности кон кои сите тежнееме. СПОНА во своите објави секогаш се држи до добро (повеќе пати) проверени, автентични и оргинални информации, а не шпекулации, цензури и наметнати мислења. Нешто што очигледно некои се обидуваат да го сторат кон големиот Пулевски и писанијата на овој великан, кој секако поради своите дела и заложби тоа не го заслужува.

    Скопје 14.јануари 2023 година.

    http://srbi.org.mk/vazno-citaj-kako-sto-e-napisano…/

    Очекуваме вашата редакција да го пренесе во целост соопштението и да не се служи со груби манипулации кон својата читателска публика.

    Срдечно,

    СКИЦ СПОНА“.

     

    Exit mobile version