Последни написи

Земон: Справувањето со создавање здрава животна средина е еден од поголемите предизвици на денешницата

ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорот на Центарот за напредни истражувања г. Рубин Земон, по повод 11-та годишна конференција насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“, што ќе се одржи во  Охрид на 18 и 19 јануари 2023 година.

Културното наследство, предизвиците на идентитетот како и темите од зелената агенда како што е одржливиот развој и туризмот, сето тоа поврзано и со минатите и актуелните економски кризи се темата на овогодинешната традиционална Конференција, за кои директорот на Центарот за напредни истражувања говореше во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

Земон посочи дека на конференцијата се пријавени 47 трудови/презентации од 12 земји, а ќе има и Промоција на Зборник на трудови од конференцијата.

Во однос на изборот на годинашната тема, тој вели дека темите на конференциите се избират според најактуелните глобални, но и локални прашања во текот на годината.

„Изминатата година светот и земјава беа погодени од економската и енергетската криза, и војната во Украина, од која произлегоа овие кризи, а претходните години темата на Конференцијата ни беше поврзана со кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, а претходно со миграциите…“, вели Земон.

Во однос на мултикултурализмот, тој посочува дека кога се зборува за идентитетите и мултикултурализмот, тие одат заедно, и дека тоа е широка научна тема која до пред некоја година, македонската академска заедница беше премалку вклучена во тие истражуања што се однесуваат до мултикултурализмот.

Како голем предизвик, Земон ја посочи животната средина, односно дека треба да го преструктуираме нашиот животен стандард во таа Зелена агенда, а како пример во перспективно работење на подобрување на животната средина,  ја посочи Словенија и порача да ги слушнеме словенските искуства од прва рака на предавањето на д-р. Бреда Мулец од Словенија, која ќе има свое предавање на Конференцијата.

 

Разговорот го водеше: Дијана Тахири
Камера и фотографија: Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети

 

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај