Последни написи

Тренчевска: Ако децата од мали ги учиме дека различноста е богатство, кога ќе пораснат ќе бидат поприфатливи кон различностите

Ако од најмали нозе ги учиме децата дека различноста е богатство, а не причина за некој да е исклучен, потоа формираме личности кои прифаќаат различност, не се плашат од непознатото“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“.

Таа додаде дека токму поради тоа процесот на инклузија во градинките е процес во кој најмногу се вложува и процес кој дава одлучни резултати.

 

YouTube player

Министерката на конференцијата исто така истакна дека се работи со меѓународните партнери во делот на инклузија на децата од ромската етничка заедница преку овозможување на еднаков пристап на сите деца до предучилишно образование.

„Детските градинки треба да се достапни во секое населено место и да имаме одредени поволности за вклучување на децата од ромската етничка заедница. Работиме со УНИЦЕФ на ова прашање, особено во општините каде имаме поголем број на сограѓани, припадници на ромската етничка заедница“ рече Тренчевска.

Подготви: Соња Танеска

 

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски

(Извор: CIVILMEDIA)

Latest Posts

Не пропуштај