More

    МВР објави потрага по осуденикот Мемети Беким, синоќа рани затворски полицаец и побегна од затвор

    Министерството за внатрешни работи објави потрага по Мемети Беким, кој синоќа побегна од затвор и притоа рани затворски полицаец.

    “Мемети Беким род.30.01.1986 год. во Тетово, каде и живее на ул.„115“ бр.8, кој се бара за бегство од КПУ Идризово за сторено кривично дело по чл. 123, чл.396 и чл.215 од КЗ на РСМ”, стои во описот на МВР.

    Мемети кој бил осуден на затворска казна од 20 години заради убиство синоќа избегал додека бил превезуван кон болница. Тој успеал да му го земе пиштолот на полицаецот кој возел и да пука со него при што го ранил.

    Управата за казнување и санкции денеска најави вонреден надзор во затворот во Идризово за да се утврдат околностите, а МВР соопшти дека ноќеска четворица вработени во Затворската полиција кои биле со комбе „Форд транзит“ побарале помош од полициски службеници од СВР Скопје. Според нивната пријава, додека вршеле спровод  на осуденик Б.М од КПУ „Идризово“ кон Ургентниот центар „Мајка Тереза“, на автопатот осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х од затворската полиција, пукал и го ранил. Потоа осуденикот побегнал со патничко возило „ауди“.

    Се уште не е познато во каква состојба е ранетиот полицаец.

    (Извор: Brif.mk)

    Exit mobile version