Последни написи

Алаѓозовски: Демократијата и различноста одат заедно, додека авторитарните и тоталитарните умови преферираат монокултурност

„Демократијата и различноста одат заедно, а авторитарните и тоталитарните умови преферираат монокултурност“ изјави националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски на конференцијата на Цивил „Различности, благодат или проклетство“.

YouTube player

Тој додаде дека најголемите опасности и кај нас и во регионот доаѓаат кога исклучиви умови и политичари се обидуваат да спроведат политики, не на почитување на различноста, туку со употреба на сила.

Доколку имате земји кои не знаат како да менаџираат со својата различност, за нив тоа може да е проклетство и да доведе до дезинтеграција“ рече Алаѓозовски меѓу другото.

Во однос на предизвиците при имплементирање на Стратегијата, Алаѓозовски со самокритика вели дека не одвојуваат доволно средства.

„Еден од нашите големи предизвици е што не одвојуваме доволно средства за Стратегијата, тука се бориме да ја поправиме состојбата и во таа смисла Комитетот за односи меѓу заедниците, Комисијата за култура при Собранието се во редовна комуникација со Министерството за култура, за образование и со другите институции кои имаат елементи на повици на давање грантови, да ја вклучат различноста, бидејќи често пати различноста е комбинирана и со еднаквите можности…“, посочи Алаѓозовски.

Д. Тахири

камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај