More

    Грковска: Наша грижа треба да бидат реформите дома, САД ќе ја објави „црната листа“ тогаш кога ќе биде готова

    „Јас не се оптеретувам многу со санкциите и со „црната листа“, тоа е механизам што САД го практикува сите години наназад и кон други држави, исто како и кон нашата. Првиот момент кога списокот ќе биде спремен за објавување тоа САД ќе го направат. Тоа што мене ме интересира не само од позиција на којашто сум сега, туку и како граѓанин на оваа држава, е што ние прво како Влада, но и генерално сите ние треба да направиме за да ја подобриме ситуацијата и да се спротивставиме на корупцијата како општествено зло“, нагласи заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во вечерашното гостување на ТВ Сител.

     

    Таа додаде дека тоа е процес кој ќе бара време, но и дека тоа не е прашање на една политичка гарнитура, на една Влада или на една институција. Корупцијата е општествено зло и секој од нас, во рамките на своите надлежности,  но и како граѓанин има обврска и должност да се справува со неа.

    „Од толку многу инвестирање во експертско знаење, особено во делот на правосудството, каде што  зборуваме за конфискација на имот, во случаи на перење пари, и покрај тоа што знаеме дека голем дел на судии и обвинители се обучувани затоа, ние имаме отворени случаи за перење пари, но нема завршница. Тоа се прашања што ние ги отворивме во нашите активности како Кабинет и треба да најде начин како тоа да се надмине. Мора да ги врземе обуките во рамки на мерит системот за избор. Обуките треба да се сфатат сериозно, тоа е инвестирање во знаење. Не може да одите на обука и после кога ќе се вратите да не примените ништо, а друга земја од парите на своите даночни обврзници ги инвестирале тие пари во нашата држава“, додаде Грковска.

    (Извор: CIVILMEDIA)

    Exit mobile version