More

    ОЈО барало забрана за продавање на Клиниката Жан Митрев, но од Судот нема одговор

    Основното скопско обвинителство поднесе обвинение против Д-р Жан Митрев и против истоимената приватна клиника чиј прв човек е обвинетиот, потврдиja на брифинг со новинарите oсновниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева.

    Митрев се товари за кривично дело измама за кое е предвидена затворска казна до 10 години.

    -Имаме поднесено барање за мерки за физичкото и за правното лице, но судот се нема произнесено дали ги прифаќа тие мерки. Една од мерките е да не може да се продаде клиниката во ограничен период, изјави Хаџи Василева.

    Според неа, засега не е побаран притвор за Митрев.

    Митрев, пак, во вчерашното интервју на Телма ги оцени како шпекулации информациите кои кружат во јавноста дека поранешниот премиер Зоран Заев заедно со ексминистерот за здравство Венко Филипче, сакале да ја купат клиниката.

    Клиниката „Жан Митрев“, според д-р Митрев, имала понуди да биде купена од над четири странски фондови, кои пред ковид-пандемијата нуделе големи суми на пари. Но, по емисијата на ИРЛ, и завршувањето на пандемијата, истите тие фирми понудиле помалку пари, за кои тој вели дека се неприфатливи.

    Неговата намера била да продаде 51% од сопствеништвото и за тоа слушнале големи фондови и компании, но и покрај претходно добрите понуди, Митрев одбил да ја продаде клиниката затоа што сакал да го заврши проектот на целосна дигитализација на болницата, која успеал да ја оствари за време на ковидот во 2020-та година.

     

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version