Последни написи

Обид за дискредитација на власта со дезинформација за Мијалков

Со стара фотографија од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков се шири дезинформација дека наводно вчера бил ослободен од струшкиот затвор и бил во црква за да го одбележи Христовото раѓање (Божик).

Твитер налогот „Клаудија Шиферовска“ објави фотографија од Мијалков во црква со коментар: „Во живо од струшкиот затвор, убава божиќна атмосфера“. Оваа дезинформација се искористи за ширење партиска пропаганда.

Всушност објавената фотографија е стара, односно од 2022 кога Мијалков го одбележа христовото воскресение, Велигден во Соборниот храм во Скопје, односно во тој период се бранеше од слобода.

Партиските кујни за ширење дезинформации функционираа и за време на божиќните празници.

ЦМТ

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај