More

    Ковачевски – Зеленски: Поддршка на Северна Македонија за украинскиот народ и продлабочување на односите меѓу двете држави

    Премиерот Димитар Ковачевски, денеска преку социјалната мрежа фејсбук објави дека во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски   ја пренел  поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

    „Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта“ – истакна премиерот Ковачевски.

    Понатаму во разговорот,  двајцата шефови на државите ставиле особен фокус на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.

    „Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина“, истакна Ковачевски.

    Зеленски ја информираше јавноста дека имал суштински разговор со Ковачевски на почетокот на претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ.

    „Имав суштински разговор со премиерот Ковачевски на почетокот на претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија. Разговаравме за ризиците од ескалација на фронтот, натамошната одбранбена соработка и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји“, напиша Зеленски на твитер.

    Exit mobile version