Последни написи

УНХЦР: Бројот на украински бегалци во Европа достигна речиси 8 милиони

Бројот на Украинци кои заминале во европските земји од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина достигна 7.915.287 луѓе, според податоците на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Во ажурираното известување од Средата, 4 јануари, стои дека од 24 февруари повеќе од 17 милиони луѓе ја напуштиле Украина во европските земји, а повеќе од 9,1 милиони луѓе се вратиле во Украина.

Според податоците на УНХЦР,  мнозинството Украинци – 8,6 милиони – ја преминале полската граница, од кои 1,5 милиони официјално се регистрирани во земјата, а 6,5 милиони веќе се вратиле во Украина.

Покрај тоа, 739.000 Украинци заминале во Молдавија, 371.000 од нив се вратиле во својата татковина. Повеќе од 1 милион Украинци отидоа во Словачка, од кои 807.200 веќе се вратија, 1,7 милиони Украинци заминаа во Романија (1,4 милиони вратени), 2 милиони отидоа во Унгарија (точниот број на вратените не е познат).

Бројката „Бегалци од Украина регистрирани за привремена заштита или слични национални заштитни шеми во Европа“ може да вклучува повеќекратни регистрации на исто лице во две или повеќе земји од ЕУ+; регистрации кои остануваат нецелосни од различни причини; или регистрации на бегалци кои се преселиле понатаму, вклучително и надвор од Европа.

Статистиката се составува главно од податоците обезбедени од властите. Иако се направени сите напори за да се осигура дека сите статистички информации се потврдени, бројките претставуваат проценка. Триангулацијата на информации и извори се врши на континуирана основа. Затоа, може да се случат измени на бројките, вклучително и ретроактивно, се вели во извештајот на УНХЦР.

Подготви: Д. Мишев

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај