More

    Неопходни реформи за влез во ЕУ, според Дерала барање предвремени избори е неодговорно, во Скопје алармантна состојба со аерозагадувањето

     Неопходни реформи за влез во ЕУ

    Земјата во новата година да се фокусира на реформите неопходни за влез во ЕУ, цел која бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството, порача евроамбасадорот Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање за тоа кој треба да биде фокусот на власта во новата година во однос на евроинтеграциите.

    Според евроамбасадорот, овој процес треба да го предводи Владата, но потребно е обединување на сите политички чинители.

    ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

    Дерала: Повикувањето на предвремени парламентарни избори е неодговорно

    ВОЈНА ВО УКРАИНА

    Бројот на Украинци кои заминале во европските земји од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина достигна 7.915.287 луѓе, според податоците на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

    Во Херсон, службениците за спроведување на законот открија ќелија за мачење што руските окупатори ја поставиле во просториите на регионалната полиција. Полицијата открила седум соби за мачење и осум притворски објекти откако дел од регионот Херсон бил ослободен од руските агресори.

    AL-PRESS

    Редакциски избор од албански медиуми:

    Анонимуси со порака до Вучиќ, 159 милиони евра во пресрет на изборите во Албанија, „голем пакет“ или „изборна пилула“…

    ФЛЕШ ВЕСТИ

    ЕНЕРГЕТИКА Изминатото деноноќие произведени 17.904 мегават часови електрична енергија

    АЛАРМ Состојбата со загадениот воздух во Град Скопје е алармантна, а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Арсовска, не прави ништо за да се заштити здравјето на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

    ИНВЕСТИЦИЈА Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, најави директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

    ВАТИКАН Со високи црковни и државнички почести, денеска се погребува поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти. На погребот е најавено присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри

    АНАЛИЗИ

    „Цената на природниот гас на берзите падна на 73 евра за мегават час. Оваа цена е пониска и од цената по која гасот се продаваше и пред војната во Украина. Северна Македонија пак за јануари преку јавен оглас набави гас по цена од 115,9 евра, но и покрај бројните коментари дел од експертите велат дека кога е криза со енергенси најчесто се одбира понуда која е стабилна и сигурна, особено во најкритичниот месец во годината, но и со земја како Бугарија која склучи договор со Турција која станува голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас“, пишува Соња Танеска во „Цената на гасот како пред војната во Украина, зависноста на Европа од 40 падна на девет отсто“

    Б. Јордановска

     

    (Извор: CIVILMEDIA)

    Exit mobile version