More

    (Фото) Жителите на Кисела Вода имаат новогодишна желба градоначалникот да им ја асфалтира улицата која ја изринка пред повеќе од два месеци

    Жителите на скопска Кисела Вода имаат новогодишна желба градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да им ги асфалтира краците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ кои ги изринка пред повеќе од два месеци и ги остави со „кратери“ и „ридчиња“ !

    Ѓраѓаните кои гравитираат кон овој дел од населбата Кисела Вода, катадневно мака мачат како да стигнат до своите домови со автомобилите, пешки, велосипедите, тротинетите… Алармираат како што велат до општинарите во Кисела Вода, но од таму ни трага ни глас да се реши проблемот кои им го наметнаа надлежните под превезот ќе го обновиме асфалтот. Ни асфалт обновија, ни пак се вратија два месец да ги затворат „кратери“. Мештаните ги кршат автомобилите, ги кинат гумите и нервите, а сето тоа на крајот ги чини пари и здравје.

    Револтот е уште поголем откако вечер градоначалникот Ѓорѓиевски со неговиот лидер во ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пофалија дека ќе има многу проекти и ќе се решат многу проблеми на граѓаните. Најавија асфалтирање на 7 улици во Припор, реконструкција на патната инфраструктура во 11 Октомври бараки. Реконструкција на улици и во другите населени места…

    -Ако ги реконструираат како овие улици пред нашите домови поарно ич нека не почнуваат. Ќе им направат на жителите само проблеми наместо да им ги решат постојните. Прочитани се ! Изигруваат душегрижници за народот со наши народни пари, а ова се е едно  големо голо „епп“ и ништо повеќе – велат револтираните граѓани од Кисела Вода, кои го повикуваат градоначалникот Ѓорѓиевски и неговиот лидер Мицкоски да дојдат и да видат на лице место што направиле, што оставиле задсебе од нивните проекти, а не да го замајуваат народот.

    Општина Кисела Вода со ваков однос нема да оди напред како им ветуваат на граѓаните.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version