More

    Бочварски: Ќе се гради патот до Луковица, обезбедивме 15 милиони денари

    Обезбедивме 15 милиони денари за општина Желино за изградба на локалниот пат во н.м. Луковица. Со ова решаваме огромно прашање на жителите, истакна министерот Благој Бочварски, кој денеска оствари средба со локалното население во село Луковица.

     

    Министерот Бочварски, заедно со пратеничката Фаница Николоска и градоначалникот на општина Желино, Бљерим Сејди, ги информираа жителите дека средствата се обезедени и префрлени на општината и во најбрзо време ќе започне изградбата на патот во должина од 6 километри.

    „Кон крајот на минатата година имав неколку средби со жителите од Луковица кои го потенцираа значењето на овој пат. На нивно барање експресно го решаваме ова прашање, обезбедивме средства и еве денеска во очи на празникот дојдов во посета на селото да ги информираме жителите дека патот до селото ќе го изградиме за што обезбедивме 15 милиони денари. Денеска остварив средба и со градоначалникот на општина Желино на која разговаравме за инфраструктурните проекти и рехабилитацијата на локалните патишта во општината, проект што го работиме преку Министерството за транспорт и врски. Ова е добар пример за соработка меѓу централната и локланата власт.”, изјави министерот Благој Бочварски.

    Градоначалникот Сејди истакна дека за прв пат ќе се прави патот до Луковица, проект што е од исклучително значење за месното население.

    „Во најбрзо време ќе ја провериме проектната документација што ја имаме и ако е се во ред веднаш ќе започнеме со процедурите за изградба. Сакам да истакнам дека во најскоро време ќе започнеме и со реконструкција на неколку локални патишта за што веќе се обезбедени средства.”, истакна градоначалникот на општина Желино, Бљерим Сејди.

    На средбата со градоначалникот, министерот информираше и за плановите за изградба на обиколница Тетово преку клучка Требош, како и за изградба на автопатските делници на Коридор 8.

    (Извор: Frontline)

    Exit mobile version