Последни написи

Нови 128 корисници во системот за субвенционирана цена на електричната енергија, рокот за аплицирање е отворен до 20 јануари

 

ЕСМ соопштува дека од 1 јануари уште 128 нови субјекти се вклучени во системот за субвенционирана цена на електричната енергија, со што нивната бројка се искачи на 675. Компаниите кои ја користат оваа мерка за електричната енергија плаќаат 80 евра за мегават час, додека училиштата плаќаат по 95 евра за мегават час.Со последните бројки, вкупниот број на училишта кои ја користат оваа мерка е 374, додека вкупниот број на фирми од прехранбената индустрија се искачи на 244. Дополнително, мерката ја користат и 57 водостопански претпријатија во државава.Рокот за пријавување на субјектите кои сакаат да плаќаат електрична енергија по субвенционирана цена од 1 февруари, а од различни причини досега не аплицирале, е отворен до 20 јануари.

Со мерките за субвенционирана цена на електричната енергија, Владата успешно се бори да ја одржи ликвидноста на компаниите во земјава, но и да влијае на намалување на цените на основните прехранбени продукти кои ги плаќаат граѓаните.Освен субвенциите за компаниите, Владата во текот на минатата година, редовно ја субвенционира и цената за домаќинствата и малите потрошувачи. Како што може да се види и од последните доставени сметки, без субвенцијата на Владата граѓаните ќе плаќаа 73 отсто повеќе за електрична енергија. На овој начин, на граѓаните им остануваат повеќе средства во семејните буџети за полесно да се справат со економската криза.За полесното справување со енергетската криза, Владата го задолжи ЕСМ да го зголеми домашното производство на електрична енергија и да ги активира сите домашни капацитети.

Благодарение на ваквите напори, домаќинствата и малите потрошувачи 100% се  снабдуваат со електрична енергија од домашни извори.Се поголемиот интерес за користење на оваа мерка само покажува дека таа е вистинска помош за компаниите.

Latest Posts

Не пропуштај