More

    Финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани ќе биде исплатена на 12 јануари

    Паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 јануари, информираше Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

    Списоците на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат објавени утре.

    На интернет-страницата на МТСП ќе биде објавен списокот со корисници на правото на социјална сигурност на стари лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лцие со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и кои не користат право на надоместок поради попреченост, како и самохраните родители кои се едвидентирани корисници на гарантирана минимална помош. На интернет-страницата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе биде објавен списокот со корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување.

    На веб-страницата на Агенцијата за вработување ќе биде објавен списокот со невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

    Доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при МТСП во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците. Приговорот се поднесува преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или на електронската адреса mtsp@mtsp.gov.mk.

    Три дена од денот на објавување на списоците со корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, истите ќе бидат отстранети од интернет-страниците на институциите, информираа од МТСП.

     

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version