Последни написи

Столтенберг: Воената поддршка за Украина, најбрз пат до мирот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германската новинска агенција ДПА, изјави дека снабдувањето со оружје и победата на Украина е најкраткиот пат до мирот.

„Можеби звучи парадоксално, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мирот“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германската новинска агенција ДПА, споделено од каналот на Врховната Рада на Украина на Телеграм.

„Снабдувањето со оружје и победата на Украина е најкраткиот пат до мирот! Целосно се согласувам со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг“, изјави заменик-претседателката на Врховната Рада на Украина, Олена Кондратиук.

Столтенберг потсети дека сојузниците на НАТО претходно ѝ обезбедија на Украина системи за оружје со долг дострел, како што се ракетните системи ХИМАРС, артилерија со долг дострел и беспилотни летала. Тој ги повика сојузниците да направат повеќе.

„Се разбира, ги повикувам сојузниците да направат повеќе. Во нашите безбедносни интереси е да ја обезбедиме победата на Украина и да ја спречиме победата на Путин“, истакна генералниот секретар на НАТО.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Latest Posts

Не пропуштај