Последни написи

Хелсиншкиот комитет со интерактивна алатка за регистрирање инциденти, информации и пријавување злосторства од омраза

Веб-порталот www.zlostorstvaodomraza.com претставува интерактивна алатка за регистрирање на инцидентите, која им овозможува на граѓаните да добијат информации и да пријават злосторства од омраза, пишува Хелсиншкиот комитет на нивната официјална Фејсбук страница.
Страницата содржи интерактивна мапа, на која е прикажуваат точни локации каде што се случиле инцидентите.
Страница ги прикажува злосторствата од омраза по категории и пристрасни мотивации, информации за начинот на кој граѓаните можат да пријават инциденти (е-апликации, твитер, електронска пошта и електронски формулар), а прикажани се и статистички графикони.
На страницата може да се најдат и табели за најчесто поставувани прашања, ресурси и поимник со дополнителни информации, значењето и обемот на злосторствата од омраза, како и публикации поврзани со нив.
Освен на македонски, страницата е достапна и на англиски и албански јазик.
Р.С

Latest Posts

Не пропуштај