More

    „Полиграф“: Дезинформација е дека немало дојави за поставени бомби во ниту едно училиште каде учат Албанци

    Лажните дојави за бомби беа проследени и со дезинформации. На Твитер беше објавено дека во училиштата каде учат Албанци немало дојави за бомби.

    На 15.12.2022, анонимен профил на Твитер објави:„Приметивте дека во дојавиве за поставени бомби нема ниту едно училиште каде учат албанци?“. Оваа објава набргу стана вирална, со 40 ретвитови и над 200 допаѓања.

    Но, истиот ден, Општина Чаир извести дека училиштата „Хасан Приштина“, „Лирија“, „Имри Елези“, „Исмаил Ќемали“, „Васил Главинов“, „Конгреси и Манастирит“, „Јашар беj Шкупи “, „Адем Јашари“ и „Макаренко“ утрото добиле мејлови со предупредувања за бомби.

    И градоначалникот на Куманово на 15.12.2022 информираше дека имало дојави за бомби во повеќе основни училишта, меѓу кои се и училишта со албански наставен јазик.

    И во многу скопски средни училишта, каде што учат и Албанци, претходно имаше известувања за дојави за бомби, вклучително и за гимназијата Цветан Димов во Чаир.

    Оттаму, тврдењето дека немало дојави за поставени бомби во ниту едно училиште каде учат Албанци е злонамерна дезинформација, која ги искористи терористичките закани за подметнати бомби во училишта за предизвикување меѓуетничка нетрпеливост.

    Извор: ima.mk

    Exit mobile version