Последни написи

Маричиќ: ЕУ е најголем донатор на Западен Балкан па и на Северна Македонија, многу повеќе средства преку програми и фондови како членки на Унијата

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервјуто за „ Капитал“  ја истакна високата поддршка за ЕУ, НАТО и Отворен Балкан што е директен показател какви политики сакаат и бараат граѓаните.

Маричиќ потенцира дека  граѓаните сакаат мир, извесност, сигурност, отворени граници, соработка, сакаат фондови и подобра економија, подобри институции, реформи и држава по европски стандарди. Понатаму, вицепремиерот вели дека сето ова го добиваме и го стекнуваме како наш  национален траен белег, токму одејќи по патот кој сме го избрале, пат кој води кон ЕУ.

-„Постои ли друг пат? Ниту некој ни понудил ниту било која од оние мали но опасни антиевропски структури во земјава презентирале друга опција подобра од оваа. Ни нуди ли некој друг неповратни фондови за да градиме инфраструктурни проекти, ни нуди ли некој друг реформи во сите сфери на општеството? Ни нуди ли некој друг безбедносна заштита подобра од оваа што ја имаме со НАТО? Не, нема друга опција, ниту пак Северна Македонија било кога историски била на друга патека различна од оваа. Народот добро знае што е исправно и зошто од секогаш сме со демократскиот Запад, вели Маричиќ во интервју за ‘Капитал’.

Тој додава дека она во што граѓаните не треба да се сомневаат е дека преговорите се официјално започнати, со одржувањето на првата Меѓувладина конференција во Брисел, на 19 јули.

-„Треба на сите да ни е јасно дека овој процес е историски, го започнуваме еднаш и дека само еднаш имаме ваква шанса за темелна и брза трансформација на општеството на подобро. Сè друго е пропаганда и лажни вести кои доаѓаат од оние кои не сакаат државата да се движи во овој правец, кои сакаат дестабилизација и враќање во време кога Северна Македонија беше оценувана како „заробена држава“. Тоа не смееме да го дозволиме, затоа што тоа би значело назадување на државата и политичка криза, а имајќи предвид дека во Европа имаме веќе безбедносна криза секој отворен простор и скршнување од европскиот пат од било какви други надворешни влијанија ќе биде несомнено искористен. А тоа не го сакаме. Сакаме сигурност, економски напредок,благосостојба и извесност за граѓаните и државата, а тоа е загарантиранотокму со членството во ЕУ, кое ќе отвори нови можности и нови фондови“, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека не смееме да го заборавиме фактот дека Европската Унија е убедливо најголемиот донатор на Западен Балкан, па и кај нас во Северна Македонија. Тој информира дека од 2007 година до денес, преку ИПА програмата милијарда евра се вложени во државата и тоа се неповратни средства кои се вложени во инфраструктурата и во развојот. Сето тоа е вложување во подготвување за членство во Унијата, кое ќе продолжи, со многу повеќе средства, преку нови програми и фондови кога ќе станеме членка на Унијата.

-„ За актуелизирање и приближување на целиот процес го граѓаните, кој во моментов е најголемиот и најважниот македонски проект, голема и клучна е и улогата на медиумите, затоа што вие ја имате моќта да “продавате“ и да презентирате успешни приказни. Таква успешна приказна треба да биде и нашиот процес на пристапување во ЕУ. Затоа и предвидовме следната година медиумите да присуствуваат на објаснувачките скрининзи, подобро да се запознаат со текот на скринингот и да почувствуваат дел од атмосферата во Брисел, за да можат да пренесат релевантни информации на граѓаните и да потврдат дека Северна Македонија веќе ги започна  преговорите со ЕУ , заклучи Маричиќ.

Latest Posts

Не пропуштај