Последни написи

Кромид-вест“ сервирана како вистинска вест дека министерката Петровска оди на фитнес

Партиските опозициски ботови преку „кромид-вест“, шират дезинформации за министерката за одбрана, Славјанка Петровска дека наводно оди на фитнес за да ослаби.

Порталот Hronika.mk (инаку нема импресум) објави сатирична вест со наслов „Министерката Цаци станува шланг“.

Оваа сатира, партиската пропагандана машинерија ја спакува на начин што се добива впечаток дека се работи за вистинска информација.

Твитер профилот „Марга“ објави сриншот од „веста“ со коментар „Цаци мааа“, меѓутоа го тргна делот во кое пишува дека е од рубриката КРОМИД и дека се работи за сатирична вест.

Ова „хехенце“ е брзо разобличено од твитер заедницата и во коментар објавиле дека се работи за лажна вест и дека и се прави булинг на министерката за одбрана.

Откако ваквата партиска пропаганда беше разобличена, твитер профилот „Марга“ во обид да се „извлече“ од ситуацијата дека е фатена во лага, реплицира во коментар со линк до вистинската содржина дека се работи за „кромид-вест“.

Ова e разработена шема на партиската пропагандна машинерија. „Кромид-вест“ со скриншот (најчесто само насловот на сатиринчата вест) ја споделуваат на социјалните мрежи и на јавноста и ја сервираат како вистинска вест.

ЦМТ

Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај