More

    Нови лажни дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје, Битола, Тетово, Прилеп и Струшко

    Денеска пристигнаа нови дојави за бомби во повеќе училишта во Скопје, Битола, Тетово, Прилеп и Струшко. Министерството за внатрешни работи извести дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

    „Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението на МВР.

    Лажните дојави со бомби продолжија денес, по затишјето за време на викендот. Во земјава овие лажни закани со бомби траат повеќе од два месеци, а истото се случува и во неколку други земји од регионот.

    Р.С

    Exit mobile version