Последни написи

И во Холивуд нема простор за родова рамноправност кога станува збор за заработката

Пред десетина години, кога платформите за олајн прикажување на филмови сè уште немаа земено замав, холивудските ѕвезди можеа да бидат сигурни дека нивното место на А-листата е сигурно доколку нивниот филм ги освоил првите места во кино благајните.

Денес постојат поинакви мерила на популарноста, а успехот се мери и според бројките на гледаност на Netflix или соопштенијата за јавноста околу популарноста на филмот на платформата HBO Max. Дигиталната револуција можеби ги промени работите од корен, но филмските актери денес заработуваат повеќе од кога и да е.

Заработката од 20 милиони за филм беше стандард во 90-тите, но денес таа сума е многу повисока. Она што исто така паѓа в очи кога ја гледаме листата на најдобро платени глумци за 2022 година, е разликата во заработката на најдобро платениот глумец и најдобро платената глумица.

1. Том Круз – 100 милиони долари
Благодарение на продолжението на култниот филм Топ Ган, кој првпат беше прикажан пред повеќе од 30 години, Круз се најде на врвот на оваа листа. Во август, Топ Ган: Маверик заработи 1,37 милијарди американски долари на кино-благајните ширум светот.

2. Вил Смит – 35 милиони долари
Оваа година започна неславно за Вил Смит, по инцидентот со шлаканицата со којa пред сите го „почести“ комичарот Крис Рок. Сепак, според компанијата Би-Би-Си, неговиот филм „Еманципација“ добил главно позитивни критики, а актерот со заработка од 35 милиони долари се најде на второто место на оваа листа.

3. Леонардо ди Каприо – 30 милиони долари
Реномираните филмови на Ди Каприо, вклучувајќи ги островот „Островот Шатер“, „Џанго разузданиот“ и „Беше еднаш во Холивуд“, му донесоа убава заработка со текот на годините. Последниот филм кој на актерот (48) кој му донесе 30 милиони долари е “Убијци на цветната месечина”.

4. Бред Пит – 30 милиони долари
Долгата кариера на Бред Пит во филмската индустрија доведе до тоа актерот да има високи примања. По снимањето на “Брз воз”, Пит (58) потпиша вносен договор кој ќе му донесе 30 милиони долари за улогата на Формула 1 возач, во филмот на Apple Studios.

5. Двејн Џонсон – 22,5 милиони долари
Сèстраниот актер, познат и под името “Карпата,” од лош борач прерасна во една од најплатените филмски ѕвезди во Холивуд. Тој беше платен неверојатни 22,5 милиони долари за неговата прва улога на супер херој во “Црниот Адам”. Дополнителен приход заработува со промовирање на филмот на своите социјални мрежи. Само на Инстаграм го следат повеќе од 350 милиони луѓе.

На листата следат актерите: Вил Ферел, Крис Хемсворт, Вин Дизел, Том Харди и Хоакин Феникс, со заработка од по 20 милиони долари оваа година. Кога станува збор за холивудските актерки, листата на најплатените изгледа вака:

1. Маргот Роби – 12,5 милиони долари
Австралиската актерка стана најплатена актерка во 2022 година благодарение на нејзината главна улога во филмот „Барби“, кој ѝ донесе заработка од 12,5 милиони долари. Талентираната уметница (32) веќе играше со некои од најголемите имиња во Холивуд, како Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Вил Смит, Шарлиз Терон и Никол Кидман.

2. Сандра Булок – 10 милиони долари
Долгата кариера на оваа уметница (58) ѝ донесе милиони долари на нејзината банкарска сметка. Според магазинот Showbiz Galore, оскаровката оваа година заработила 10 милиони долари за главната улога во „Изгубениот град“.

3. Зендаја – 10 милиони долари
Ѕвездата на Дизни, Зендаја за бележа голем успех во “Човекот – пајак: Далеку од дома”, и оттогаш глумеше во голем број други продукции, вклучувајќи ги “Дуна” и серијата “Еуфорија”. Обожавателите ќе ја гледаат во филмот “Предизвикувачи”, за кој е платена 10 милиони долари.

4. Мили Боби Браун – 10 милиони долари
Британската актерка има само 18 години, а веќе е рангирана меѓу најплатените актерки во Холивуд. Покрај тоа што глуми (и растеше) во хитот на Нетфликс, “Чудни нешта”, Браун заработи огромно богатство глумејќи во “Енола Холмс 2”, каде што се појави со Хенри Кавил. Овoj наслов ѝ донесе 10 милиони долари.

5. Лејди Гага – 10 милиони долари
Откако играше улоги во филмовите “Ѕвездата е родена” и “Куќата Гучи”, познатата пејачка (36) покажа дека е добра и во глумата. Таа наскоро ќе се врати на екраните за да го оживее ликот на Харли Квин во продолжението на мегахитот “Џокер”. За улогата во која за партнер го има Хоакин Феникс, Гага потпиша вносен договор вреден 10 милиони долари.

По Гага, листата продолжува со Џенифер Лопез, Гал Гадот, Емили Блант, Џејми Ли Кертис и Ања Тејлор-Џој, која се најде на 10-то место со заработка од 1,8 милиони долари.

 

Извор: okno.mk

Latest Posts

Не пропуштај