Последни написи

Таравари нов претседател на Алијанса за Албанците

Проф. д-р. Арбен Таравари е избран за претседател на Алијанса за Албанците, на третиот вонреден конгрес на Алијанса за Албанците кој се одржа денеска во Тетово.

Одлуката е донесена со апсолутно мнозинство од присутните делегати,.На конгресот беа одобрени и измени во Статутот на партијата како и Етичкиот кодекс.

Новиот претседател на АА, Таравари во својот поздравен говор им се заблагодари на членовите и делегатите за укажаната доверба, на претходникот Зиадин Села за постојаната поддршка, и порача дека заедно со членството ќе работи на постигнување победа на Алијансата за Албанците и промени на политичката сцена на Албанците во Северна Македонија.

Latest Posts

Не пропуштај