More

    Невенка Стаменковска во Oпштина Гази Баба со две примања – ем секретар ем координаторка на проект ?!

    Поранешната пратеничка и заменик министерка од ВМРО-ДПМНЕ во една од техничките влади, Невенка Стаменковска Стојковски, која е актуелен секретар на Општина Гази Баба, покрај месечната плата, добива и дополнителни пари од Општината но со договор на дело како координаторка на проект што општината го добива преку Еразмус програмата, пишува 24 Инфо.

    Како што може да се види од Договорот, Стаменкова е проектен координатор и за тоа месечно добива по 9.000 денари надомест до 31.01.2024 година.

    Според 24 Инфо, Стаменковска два пати во месецот добива пари од општината, еднаш како вработена на позицијата Секретар, а еднаш како Давател на услуги.

    Покрај етичкиот момент, спорен е и фактот што Договорот е заверен во месец април оваа година, а ангажманот е започнат во месец февруари, па таа веројатно добила пари и ретроактивно за месеци за кои немало потпишано договор.

    извор: 24info.mk

    Exit mobile version