More

    Петровска: Oслободителни пресуди и помилувања за случаите на корупција ја рушат довербата во системот

     

    „Процесот на борба против корупција започнува со истрага, па следува обвинение, па пресуда. Ако се стигне до крајот и добиете ослободување или помилување за сторени сериозни кривични дела, паѓа довербата во целиот систем“, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска вчеравечер во емисијата „Вин-вин“ на Телма.

    Според Петровска, најлесно е да се впери прстот во извршната власт, но доколку сакаме ефикасен систем и борба против корупција треба да се детектираат сите слаби точки.

    Министерката за одбрана посочи дека во системот на функционирање на државата, ако која било институција или некоја од трите власти затаи, тогаш се нарушува  целиот систем.

    Петровска оцени дека претседателот Пендаровски во Собранието имал говор со кој отвори многу прашања за дебата за функционирањето на државата.

    „Претседателот имаше државнички говор кој е рефлексија на реалноста во државата. Тоа треба да биде поттик за дебата за сите прашања кои го напомена, но на крај одговорноста е кај институциите кои се задолжени за справување со тие прашања“, истакна Петровска.

    Р.С

    Exit mobile version